Empire: Total War
Недела, 11 Јули 2010 14:25    PDF Печати Е-пошта

http://www.cheatmasters.com/blog/wp-content/uploads/2009/03/empiretotalwar-art.jpg

Пред да почнам со рецензијава морам нешто да да ви кажам. Еmpire новото чедо на Creative Assembly е преполна со значителни и приметливи багови што имаат намера да ги фрустрираат старите и новите играчи на овој серијал. Ова е можеби најсмелиот проект во последниве десет години, кога се во прашање стратегиите, што дополнително ќе ви ја зголеми фрустрацијата.

Верзијата која ја добивме ( официалната се разбира) има огромни грешки во AI-то, артилеријата пука низ вашите згради и ѕидови, батаљоните нема никогаш да се засолнат позади однапред изградени баркиади и за крај „дебилниот“ ( морам така да кажам ) pathfinding ќе ве натера никогаш да не ја ставате вашата војска позади одбрамбените барикади затоа што таа ќе одбива да искочи и нормално ќе се заглави. Е сега, добрата работа е што овие багови нема да ги видите во секоја битка туку ќе се појавуваат баш кога не сакате а тоа ќе го уништува она познато епското чувство кое играва го носи со себе.

Немојте да очајувате дечкиве од Creative Assembly најавиjа гоооолем ptach што најверојатно треба да ги реши сите проблеми но фрустрацијата која мене ми ја приредија првите неколку дена неможеше да биде премолчена.

Кога би ги тргнале овие работи на страна останува да кажам дека Empire: Total War е многу добра игра, т.е најдобра од овој жарн направена до сега. Замислете микс на Civilization, Cossacks и Pirates кој функционира исто толку добро како да ги играте сите игри посебно ( и да намерно реков функционира а не работи, ради баговите). Кампањата на играва која е пола turn base пола real time manager е реполна со моменти како „само уште овој потег и идам во кревет“ а останувате уште неколку саата „залепени за стол“.

Сместена некаде на почетокот на 18-тиот век ( инаку правото време за конфликти ) Еmpire ве става во улога на командант кој има избор помеѓу десет комплетно различни нации. Целта нормално е да ги надиграте сите ваши противници со најразличен спектар на можности и да изградите најголема и најјака импреија која ќе владее со светот. Реков најразличен спектар на можности затоа што правењето војска и кршењето глави не е секогаш најдобрата опција ( иако моја омилена ), дипломатијата, тргувањето, менаџирањето на ресурси, собирање на даноци развивањето на религиозна моќ, правењето на трговски патишта знаат многу да допринесат во вашиот пат на доминација.

 

Еmpire Road to Independence е воведната кампања во играта. Таа полека но сигурно ве учи како се менаџира со помала империја и е поделена на четири структурно различни епизоди. Првата е создавањето на Јamestown од страна на британските колонисти. Тука учите како се управува со помала заедница и како таа заедница се брани и развива. Втората епизода е правењто на алијанса со останатите колонистички градови и борбата против Франција. Интересно е дека овде освен тоа што ќе управувате армии на копно ќе ви бидат представени и водените битки кои се онака прилично спектакуларни. Третата епизода е прогласувањето на независност ( 4 јули ) и создавањето на United States. Додека четвртиот дел ве остава да го искористите сето она што сте го научиле и е како продолжен дел од големата кампања на играта. Туторијалов е толку добро замислен што и старите љубители на оваа франшиза не ги остава рамнодушни, додека оние новите комплетно ја совладуваат механиката која и не е така лесна.

 

The Great Campaign е местот каде играта го добива својот голем и очекуван расплет. Од како ќе одберете една од десете нации добивате посебни задачи кои мора да се остварат до 1800-тата година како би победиле. Ако играте со Велика Британија главна преокупација ќе ви се колониите во Азија ( индија нормално ). Прусија од друга страна почнува со поделено царство кое мора да се обедини а потоа да освојува. Иако имате само една светска мапа на располагање и во неа секоја нација ја почнува својата битка за доминација играта е многу различна со секој нов потег што ќе го направите. Значи никогаш нема да преигрувате иста ситуација без разлика дали сте ја избрале истата или некоја нова нација.

World маp-от потсетува на оној од CIV но со сите досадни и монотони елементи извадени надвор и фокус насочен кон вашите единици кои се движат по неа. Да направите trade route е многу лесно, треба само да го дадете правиот откуп на правата држава и економијата почнува да цвета. Од друга страна нападот на непријателски трговси патишта е нешто што му одговара на секој играч затоа што носи многу пари кои понатака ги користите во кампањата. И сега најинтересниот дел, ако вашите трговски патишта се некаде на отвореното море освен противниците можат да бидат нападнати од пирати кои се самостална AI фракција во играта. UI-то во Empire е многу упростено и доста лесно за користење, одбирањето на некаква акција во играта се прави со само еден клик ( добро два, три максимум) и многу е веројатно дека никогаш нема да осетите потреба да вратите нешто што веќе се случило. Како и кај другите игри од овој жарн и овде се чуствува мал downtime кога е world map кампањата во прашање. Секојa фракција ( било да е AI или вистински играч) има потег во кој може да направи се што сака, чекањето овие потези да завршат како вие би дошле на ред знае да биде страшна работа...

 

Битките во играва се случуваат во различни околини и области и тоа се зависи од вас и како ја контролирате вашата армија. Сосема нов додаток се битките на вода со цели огромни флоти на бродови... но за тоа малку подцна. За да победите во битка ви треба добро подготвена армија со значителен број на војници. Многу е битно нападите да ги правите со вашата примарна војска затоа што никогаш не знаете што ве чека од другата страна. Кога битката почнува играта од CIV моментот се префрла во real time бојно поле во кое сами одбирате стартни позиции и подесувања на формации. Теренот во кој биткитее завзимаат место се менува како и во реалноста, брда, долини, легендарни замоци и тврдини итн. Бидејќи е 1700 и некоја година во играва се додадени барутот и musket-ите ( инаку најсофистицираната пушка во тао време :D ) што ја прави битката многу потактичка од предходните делови на серијалот. Барутот не е единствената промена на бојното поле, по најново нема да можете да ја добиете битката со еден вид на војсак како во минатите делови, порано беше познато дека со коњаница можете да направите се па дури и да победите војска неколку пати поголема од вашата. Во емпире такви “екскурзии” не се возможни. Допонителна тактичка природа на самата битка и дава и можноста вашите единици да ги криете во градбите кои се наоѓаат на бојното поле.

Иако изгледа прекрасно, бојното поле во Empire е местото каде тимот ја избрзал работата. Во најголем дел single и multi-player играњето е или завзeмање или бранење на некој позиции. За жал во првата не patch-ирана верзија на играта pathfinding-от и line of sight алгоритмите се комплетно погрешни. Грешките како: единиците кои се наоѓаат на врвовите од зградите и тврдините нема да пукаат, поместувањето на единици од една до друга позиција во било која тврдина ќе ви биде кошмар, кога напаѓате некоја тврдина војската глупаво ќе се заглавува во одбрамбените периметри како што се огради, фантомски брда ќе прават вашата војска да трча во место и што уште не само ја прави играва понеатрактивна и го урива оној прекрасен момент кој во почетокот сте го граделе. Со сигурност тврдам дека 90% од овие проблеми ќе бидат надминати во првиот можен период но сега за сега е така и јас како рецензент морам да ги напоменам( па дури и неколку пати ).

 

Најсветлиот момент во играва, нормално кога станува збор за битките, се оние на вода. Се она споменато предходно за битките на копно, распоредувањето на формации, единици тактичко надградување постои и тука но со една мала промена, нема огради и брада во кои војската се заглавува и се прилично bug free. Дали само ради тоа или затоа што битките на вода ми биле омилени во секоја игра овој дел го ставам пред се, немам појма но да знаете дека со моменти како: мануелно нишанење на топовите за 100% hit, позиционирање на бродовите за блиска борба, напад со екпипаж на непријателски брод и завзимање на истиот овие битки се можеби најдобриот додаток на Empire. Битно е да се напомене дека најдобро е кога контролирате помала флота на бродови, имате доволно време да направите се и најбитно многу лесно ќе се движите низ мапата.

Multi-player делот сега за сега е лимитиран само на single battle skirmish. Тоа значи дека бирате бојно поле и влегувате во real time битка исто како и во последните три дела. МНОГУ глупава работа е што креаторот ви ја избира стартната позивција, што значи дека “расколниците” ќе ве стават да браните тврдина и нрмално ќе изгубите затоа што ништо поврзано со тврдината не функционира. Единствена добра работа е тоа што кога ќе ги средат баговите ќе имате шанса да им вратите. Друга работа што ја најаваи Creative Assembly е тоа што single-player кампањата ќе бде достапна и овде, но подетални информации за тоа како и колку би чекале некој да си го заврши кругот и како би изгледало ако двајца од осумте играчи влезат во реал тиме битка никој не знае.

 

Дури и со сите маани кој се присутни во оваа верзија на Empire: Total War морам да кажам дека ова е најдобрата игра од жанрот што некогаш ќе ја играте. Миксот на сите најдобри стратешки елементи од turn-base до real-time ја прави неверојатно искуство за љубителите и на двата жанра. Да тажно е да се гледа битката и единиците кои незнаат каде одат иако им била дадена стриктна наредба, но не очајувајте тоа се работи кој се поправаат и тоа за многу брзо време. Како и да е јас стојам за тоа дека вакви игри треба да се прават повеќе, дојдовме до време во кое овој жарн изумира како нешто што е претешко и бара премногу време од обичниот играч, но Creative Assembly го одбрале патот и мислам дека газат цврсто, толку за да не изненадуваат со вакви ремек дела.

Comments (0)

Write comment

You must be logged in to post a comment. Please register if you do not have an account yet.

busy
 

Counter Strike HOSTING

A