НАЈПОПУЛАРНИОТ СЕРВИС ЗА БЕСПЛАТНИ ИНТЕРНЕТ-РАЗГОВОРИ СЕ СЕЛИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА Видеоповик од дневната соба
Среда, 24 Февруари 2010 05:48    PDF Печати Е-пошта

Специјализираните магазини оценуваат дека преселбата на „Скајп“ на малите екрани е првиот чекор во промената на идентитетот на телевизијата во примарен уред за комуникација

Компанијата „Скајп“, сопственик на истоимениот он-лајн сервис за бесплатни интернет аудио и видеоразговори, договори со „Ел-џи“ (ЛГ) и „Панасоник“ вградување на овој софтвер во нивните телевизори.

На овој начин, на корисниците ќе им бидат овозможено видеоразговорите во висока резолуција да ги изведуваат преку телевизискиот екран, кој претставува чекор поблиску до спојување на персоналните компјутери со телевизијата.

Во бизнис-круговите, услугата што вклучува бесплатни видеоповици во рамките на заедницата „Скајп“, се смета за сериозна закана за сличните видеоконференциски сервиси, кои ги развија значително помоќните корпорации како „Циско“.

Според новинската агенција Ројтерс, новите модели на ЛГ и „Панасоник“ телевизорите со вграден „Скајп-софтвер“, камера, микрофон и можности за интернет-конекција да се појават на светскиот пазар кон средината на годинава.

Биснис-аналитичарите велат дека производителите на телевизори очајно се обидуваат да им дадат силна причина на потрошувачите да се одлучат за нов модел на телевизор, во време кога ТВ-уредите што овозможуваат емитување видеоснимки во висока резолуција веќе се одомаќинија.

- Ова е година кога интернетот се спојува со ТВ-уредите. Во наредните неколку години на светскиот пазар нема да постои модел на телевизор што нема да ја нуди опцијата за бесплатни видеоразговори - изјави Џонатан Розенберг, шеф на одделот за технолошки развој во „Скајп“.

Специјализираните магазини оценуваат дека зделката на „Скајп“ со ЛГ и „Панасоник“ е само првиот чекор во промената на идентитетот на телевизијата.

- Досега бевме ограничени на кратки најави, вести и временска прогноза. Со „Скајп“, телевизијата го менува идентитетот и станува примарен уред за комуникација. Телевизијата нема да служи само за мултимедиумска дигитална забава, туку се претвара во двонасочен комуникациски канал. Портал, преку кој може да се стигне до сите што имаат пристап до интернет - велат од „Панасоник“.

Сепак, новите модели нема да имаат можност за мултитаскинг.

- Телевизорите ќе бидат ограничени на само една функција. Во случај на повик, софтверот ќе го исклучи телевизискиот сигнал и ќе го отвори комуникацискиот канал - додаваат од компанијата.

Во светот околу 520 милиони луѓе го користат „Скајп“ за бесплатни разговори со своите пријатели и роднини. 

Бидејќи компанијата не наплаќа за видеоразговорите, главен извор на заработка е наплатата за повикувањето на мобилни и фиксни телефони и употребата на опцијата за говорна пошта.

 

 

извор Дневник

Comments (0)

Write comment

You must be logged in to post a comment. Please register if you do not have an account yet.

busy
 

Counter Strike HOSTING

A