|
НОВ ХАКЕРСКИ АЛАРМ |
|
Среда, 24 Февруари 2010 05:43 |
|
|
|
|
|
Еден месец по соопштението на „Google“ дека неговиот компјутерски систем бил цел на напад на хакери од Кина, се подигна нов аларм по соопштението дека во координиран глобален напад биле хакирани компјутерски мрежи на 2.411 компании и владини агенции не само во САД, туку и во целиот свет.

До ова откритие дојде еден инженер на компанијата „Netwitness“, која се занимава со заштита на компјутерски системи, при инсталирање на програма за одбрана од хакери кај еден од клиентите. За тоа е објавен и „бел документ“ кој е достапен на страницата www.netwitness.com.
Според тој документ, хакерите покажале „големо познавање на Интернетот и начинот на кои поединците ги користат компјутерите“.
Имено, тие користеле метод против кој антивирусните одбранбени системи кои најчесто се инсталираат, не се моќни во корпоративна компјутерска мрежа да спречат влез на шпионски програми. Најчесто била користена електронската пошта, замаскирана како да доаѓа од познат испраќач.
Нејзиното отварање од страна на некој невнимателен вработен во компанијата, а посебно отварањето на прикачена датотека („атачмент“) ja активира скриенaтa програмa, кој потоа на хакерите им отвoра врата за влез во централниот компјутер („сервер“), од каде се презема контролата над целата мрежа.
Според тоа што го открија инжeнерите на „Netwitness“, нападот почнал во Германија, но потоа се вклучиле уште 20 командно-контролни центри од целиот свет. Овој напад по обем беше многу поголем од нападот на кој беше изложен „Google“ и кој проблемот на неадекватноста на компјутерската заштита и сајбер криминалот тука се стави на дневен ред како жешка тема.
 |