|
„Епл“ забранува еротика на неговите апликации |
|
Среда, 24 Февруари 2010 05:41 |
|
|
|
|
„Епл“ почна акција за чистење на сопствените апликации од сексуални содржини што се понудени во нивната виртуелна продавница „Ајтјунс“

Целата фама почна со апликацијата „Вобл Ајбубс“, која овозможува на слика на некоја жена да се означат градите и потоа да се гледа како и виртуелно и се мрдаат.
Човекот што ја изработи апликацијата „Вобл Ајбубс“, Џон Атертон, изјави дека новите правила за подготвување апликација се премногу строги во однос на сексуалните содржини.
- Нема голотија, нема бикини, нема дури ни жени, најверојатно во иднина ни мажи во долна облека, што значи дека не смее да се постира каков било материјал што може сексуално да го возбуди корисникот - изјави дизајнерот Џон Атертон.
Со години „Епл“ мака мачи со таквите содржини, кои ги има во апликациите што се понудени на „Ајтјунс“, но очигледно дека со појавувањето на новиот производ „Ајпад“, „Епл“ стави до знаење дека нивните производи и порнографијата, но очигледно и еротиката, не функционираат заедно.
Извор Нова Македонија
 |