|
Нова верзија „Фејсбук зеро“ намената за мобилни телефони |
|
Среда, 24 Февруари 2010 05:30 |
|
|
|
|
Сите корисници на „Фејсбук“ посакуваат да можат да бидат приклучени и преку мобилен телефон на својата омилена друштвена мрежа, па поради тоа од компанијата се одлучија да изработат „Фејсбук зеро“, специјална скратена верзија наменета за користење преку мобилен телефон

По неодамнешното редизајнирање на страницата, ова е уште еден обид на компанијата на Зукелберг да ја зацврсти водечката позиција помеѓу друштвените мрежи.
Освен корисниците на мобилни телефони, новата верзија „Зеро“ ќе може да ја користат и оние што имаат бавен Интернет.
„Зеро“ би требало да привлече нови корисници, односно старите да ги држи споени со „Фејсбук“ поголем дел од денот. Овој потег е оправдан, но исто така кружат и гласини дека „Фејсбук“ неа ја креираше поради заканата од „Гугл Баз“, со кој се нуди многу побрз пристап до Интернет и поголема заштеда на времето.
извор Нова Македонија
 |