|
Pentium најпопуларен |
|
Понеделник, 15 Февруари 2010 10:49 |
|
|
|
|
|

И после 17 години од првото појавување на пазарот, брендот Pentium се уште е на првото место од вкупните испораки на Intel.
Првите Pentiumi процесори кои се базираат на Р5 архитектурата официјално беа претставени во Март 1993 година, чии работни тактови почнуваа од 60 MHz, a чиповите имаа 3,1 милиони транзистори изработени со 0,8 микронски производствен процес. Од тогаш па наваму Intel успешно го пробива низ пазарот ова име, а ова е поткрепено со фактот што компанијата планира во текот на оваа година Pentium процесорите да сочинуваат помеѓу 42 и 43 проценти од вкупните испораки на Intel. Станува збор за двојадрените модели од сериите E5000 и E6000.
Уделот на модерните Core i7 процесори со Bloomfield, Gulftown и Lynnfield јадра сочинува само 6% од вкупната испорака, додека Atom процесорите сочинуваат околу 8% од вкупните испораки. И покрај силната позиција на брендот Pentium, Core серијата сега држи 42% oд вкупните испораки, а следната година би требало да ја заземат водечката позиција во најпопуларни Intel процесори за десктоп компјутери.
извор tehnologija.com.mk
 |