| Заборавете на 3D! Гледајте го Avatar во 4D! | ||||
|
|
Бевме навистина импресионирани од Avatar со целата негова пре-публицирана 3D слава? Епа заборавете на сето тоа, Avatar стана 4D. Само има една цака: 4D "верзијата" на Avatar моментално се прикажува во само едно единствено CJ-CGV кино во Јужна Кореа. Според Han Sunhee од Variety , 4D екранизацијата користи преку 30 "специални ефекти" за време на прикажувањето на 162-минутниот 3D филм, вклучувајќи ги подвижните седишта, мирисот на експлозивите, водата што прска, ласерски светла и ветрови од специјални вентилатори.
"Никаде на светот не постои 4D кино сала како нашата. Комбинацијата на специјалните ефекти на CJ-CGV 4D технологијата е првата во светот која комплетно овозможува искуство кое се чувствува преку сите пет сетила за време на гледање на филмот," изјави претставникот на CJ-CGV, Kim Daehee. Во меѓувреме, Vladislav Savov од Engadget забележа дека 4D искуството вредно $15.80 долари, навистина ги стимулира сите пет сетила и со сигурност ќе ја одржи публиката концентрирана на филмот за време на целосното негово прикажување. "Се разбира, тоа е приспособување и зема слободна интерпретација на она што значи зборот 'димензија', но со сигурност нема да заспиете за време на прикажувањето на филмот, бидејќи некои од нас можеби а можеби и не, им се случило додека гледале 3D проекција," напишал Savov.
извор tehnologija.com.mk
Set as favorite
Bookmark
Hits: 732 Comments (2)Write commentYou must be logged in to post a comment. Please register if you do not have an account yet.
|



aahaha 
