|
„Фејсбук“ со нов дизајн и 400 милиони корисници го прослави 6 роденден |
|
Четврток, 11 Февруари 2010 02:14 |
|
|
|
|
„Фејсбук“ со нов дизајн и 400 милиони корисници го прослави 6 роденден
Славејќи го шестиот роденден друштвената мрежа „Фејсбук“ доби најдобар подарок, а тоа се 50 милиони нови корисници само во последните два месеци, па сега може само да се гордее со 400 милиони редовни члена
|
|
 |
|
 |
|
- За да го прославиме шестиот роденден и 400-те милиони корисници, го правиме тоа што најмногу го сакаме, а тоа се нови и интересни продукти - вели Марк Зукенберг.
Од пред некој ден „Фејсбук“ е и со нов дизајн, кој полека стасува кај сите корисници. Новитетите се во промената на положбата на нотификациите, промената на левиот таб, кој сега служи како мени, поинаквото разгледување на фотографии и интересна измена со барот за пребарување кој многу е поголем и се наоѓа во центарот на страницата.
Покрај овие измени на дизајнот, од „Фејсбук“ истакнуваат дека забрзано работат и на проектот „Титан“, т.е. планираат да направат сериозни измени на електронската пошта, која сака да стане сериозен конкурент на имеил-сервисите како „Јаху меил“, „Џимеил“ и слично. |
 |